Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката
СВЕТ

Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката

Објавено August 3, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк лажно ја обвинил дека предизвикала штета од над 12.000 фунти, пренесува Гардијан. Тој приложил фотографии како наводен доказ, кои, според жената, биле создадени со вештачка интелигенција.

Жената го резервирала еднособниот стан на Менхетен во Њујорк за два и пол месеци за да остане во него додека студира, но решила да замине порано бидејќи се чувствувала небезбедно во областа.

Кратко по нејзиното заминување, домаќинот поднел жалба до Airbnb, тврдејќи дека направила штета во вредност од над 12.000 фунти. Навел дека искршила масичка за кафе, душекот го извалкала со урина, оштетила робот правосмукалка, софа, микробранова печка, телевизор и клима-уред. Притоа, приложил и фотографии.

Airbnb ѝ соопштил дека, „по внимателен преглед на фотографиите“, треба да му плати 5.314 фунти на домаќинот. Таа поднела жалба и истакнала дека има очевидец, кој може да потврди дека станот бил оставен во уредна состојба. Дополнително, укажала на јасни визуелни несогласувања во фотографиите, што, според неа, укажувало на дигитална манипулација или употреба на вештачка интелигенција, пишува Гардијан.

Такви несогласувања не се можни на автентични фотографии од ист објект. Тоа требаше да биде веднаш препознаено од Airbnb“, изјавила таа.

Пет дена по обраќањето на Гардијан до Airbnb, компанијата ја прифатила нејзината жалба. Прво ѝ понудиле 500 фунти, а потоа уште 854 фунти, што претставувало помалку од една петтина од вкупната цена на резервацијата. Откако жената одбила, на крајот ѝ била рефундирана целата сума од 4.269 фунти, а негативната оценка што домаќинот ја оставил на нејзиниот профил била отстранета.

„Загрижена сум за другите корисници кои можеби немаат ресурси да се одбранат од вакви измами. Денес е премногу лесно да се фалсификуваат фотографии со помош на вештачка интелигенција. Airbnb мора да има поостри критериуми за проверка“, изјавила таа за Гардијан.

Домаќинот што ја пријавил има статус на „супердомаќин“, што значи дека има искуство и високи оценки од претходни гости. Тој не одговорил на барањата од Гардијан за коментар.

Од Airbnb изјавиле дека не можеле да ја потврдат автентичноста на испратените фотографии и дека домаќинот добил предупредување за кршење на правилата. Доколку повторно добијат слична пријава, тој ќе биде отстранет од платформата.

„Сериозно ги сфаќаме пријавите за штета. Нашиот специјализиран тим ги разгледува сите достапни докази, а одлуките може да се обжалат“, изјавиле од компанијата за Гардијан.

Серпил Хол, директорка за економски криминал при консултантската фирма Baringa, објаснила дека денес е многу лесно да се манипулираат фотографии и видеа. Софтверите за оваа цел се евтини, достапни и лесни за користење.

„Многу компании веќе не ги прифаќаат фотографиите како единствен доказ во спорови“, рекла таа и додала дека „потребни се форензички алатки и системи за откривање измами, за да се потврди нивната веродостојност“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Амбасадата на САД во Македонија: Илинден е камен-темелник на македонската историјата
Следна Статија Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Потресната објава на Ентони Хопкинс откако му изгоре куќата

Пожарите во областа Лос Анџелес доведоа до незамисливи катастрофи во кои се уништени голем број домови, меѓу кои и домот…

January 11, 2025
СВЕТ

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот…

November 2, 2024
СВЕТ

Ердоган до Мерц: Израел спроведува геноцид во Газа, а Германија тоа не го признава

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес му порача на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија одбива да признае дека…

October 30, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Гадафи навреме го предупреди Башар: Aко мене ме тргнат ти си следниот, тој иронично се смешкаше

Еден од најзначајните беше говорот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи пред 16 години на седницата на Арапската лига, кога тој…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?