Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел
БАЛКАН

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел

Објавено August 19, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Најмалку 47 израелски туристи останаа заглавени во Босна и Херцеговина откако нивните пасоши по грешка завршиле во корпата за отпадоци на рецепцијата на хотел, јавува израелскиот портал ynet.

Туристите требало да се вратат во Израел, но поради губењето на патните документи, нивното патување било одложено. Тие биле сместени повторно во хотелот и им било соопштено дека ќе мора да останат најмалку 48 часа, со можност престојот да се продолжи до повеќе од една недела.

„Откако ги прегледавме снимките од безбедносните камери, откривме дека пасошите погрешно биле фрлени во корпата на рецепцијата. Подоцна биле однесени од службата за собирање ѓубре“, изјавија туристите за ynet.

Некои од израелските туристи се сомневаат дека не станува збор за случајна грешка. „Целата ситуација е многу чудна. Како е можно да се фрлаат пасоши? Се сомневаме дека тоа е направено намерно бидејќи документите јасно покажуваат дека сме од Израел“, истакнаа тие.

Министерството за надворешни работи на Израел потврди дека е запознаено со случајот и дека го следи одделот за израелски државјани во странство, во соработка со израелската амбасада во Белград, која ја покрива и Босна и Херцеговина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација
Следна Статија Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Која е Цветелина Бориславова: Kaко жената до Бојко Борисов стана најбогатата Бугарка

Бугарските истражувачки новинари наголемо пишуваат за Цветелина Бориславова, една од најмоќните жени кај источниот сосед. Која е Цветелина Бориславова? Нејзиното богатство се…

May 25, 2025
БАЛКАН

„Плачеше, викаше дека ја нема Данка“: таткото на убиеното девојче во обвинителството раскажа за исчезнувањето на детето и обвинетите

Во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ беа сослушани повеќе од 20 сведоци, а покрај обвинетите и сведоците,…

October 17, 2024
БАЛКАН

Грците летово ќе го редуцираат ЕЕС системот за сите, не само за српските туристи

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за РТС изјави дека одлуката за привремено суспендирање на…

May 11, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија за проектот на зетот на Трамп- треба да се гради луксузен ресорт

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?