Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа
СВЕТ

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Објавено October 18, 2025 18:55
Сподели
Сподели

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.

Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.

Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.

ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.

Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.

Во меѓувреме, цивилната одбрана на Појасот Газа денеска соопшти дека пронашла останки на девет лица и дека тие биле убиени од израелската армија во напад по договорот за прекин на огнот.

-Во координација со канцеларијата на Црвениот крст, тимовите на Цивилната одбрана успеаја да пронајдат девет жртви откако израелската окупација вчера таргетираше автобус што превезувал раселени лица источно од населбата Зејтун во градот Газа, изјави Махмуд Басал, портпарол на организацијата.

Израелската армија соопшти дека идентификувала, како што наведува, сомнително возило кое ја преминува линијата на повлекување во Појасот Газа, договорена според договорот за прекин на огнот.

Војниците, тврди Ерусалим, отвориле оган откако биле предупредени да ја елиминираат заканата и го сториле тоа во согласност со договорот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Ендрју, братот на кралот Чарлс се откажа од сите титули по низа скандали поврзани со неговото име
Следна Статија Граѓаните по осми пат избираат локална власт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.…

April 10, 2025
СВЕТ

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана. Според соопштението, ракетата била…

March 9, 2026
СВЕТ

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска,…

August 14, 2025
СВЕТ

„Ал Арабија“: За неколку часа ќе биде објавен нацрт-договорот за примирје помеѓу САД и Иран

Телевизијата „Ал Арабија“ објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?