Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците
СВЕТ

Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците

Објавено October 9, 2025 08:13
Сподели
Сподели

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин на огнот и размена на заложници, што би можело да го отвори патот за крај на крвавата двегодишна војна на Блискиот Исток.

Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во Египет резултираа со договор за почетната фаза од рамката од 20 точки на Трамп за мир во палестинската енклава.

Изворите велат дека договорот би можел да биде потпишан во Египет уште денес.

Палестинската група Хамас утрово објави дека ја прифатила првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа изразувајќи благодарност за напорите на Трамп, како и за напорите на Турција, Катар и Египет, објави Анадолу.

„Хамас објавува дека е постигнат договор што предвидува крај на војната во Газа, повлекување на окупаторските сили, испорака на хуманитарна помош и размена на затвореници“, се вели во соопштение објавено на Телеграм.

Во соопштението се додава: „Ги цениме многу напорите на нашите браќа посредници од Катар, Египет и Турција. Исто така, ги поздравуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел е конечно да се стави крај на војната и целосно да се повлечат израелските окупациски сили од Појасот Газа.“

Соопштението на Хамас дојде кратко откако Трамп потврди дека Израел и Хамас ја потпишале првата фаза од договорот за Газа, предложен од САД

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција
Следна Статија Пелистер загуби со двоцифрена разлика на гостувањето во Полска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации што ќе помогнат во лансирањето напади со ракети со долг дострел врз…

October 2, 2025

Американците во несогласност со имиграционите политики на трамп

Јавното мислење покажува значителни разлики помеѓу ставовите на граѓаните и владините имиграциски пристапи

January 28, 2026
СВЕТ

Во САД извршена уште една смртна казна

Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина стрелан е 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во…

November 15, 2025
СВЕТ

Трамп најави ослободување од царините за автомобилската индустрија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека може да ја ослободи автомобилската индустрија од тарифите за да им даде време на…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?