Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел: Се согласуваме на примирје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел: Се согласуваме на примирје
СВЕТ

Израел: Се согласуваме на примирје

Објавено June 24, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“, велат од владата.

Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати.

Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана со нуклеарно оружје и балистички ракети.

Израел, исто така, тврди дека му нанел тешки загуби на иранското воено раководство и дека десетици клучни цели на иранската влада биле уништени во нападите.

Според изјавата на последниот ден од операцијата, израелските сили погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баши – милиција што ја користеле иранските власти за задушување на протестите – и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник.

Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминацијата на иранската нуклеарна закана“, се додава.

Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје
Следна Статија (Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп…

November 21, 2024
СВЕТ

Украинците првпат заробија севернокорејски војник

Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна…

December 27, 2024
СВЕТ

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Со апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, Доналд Трамп посилно од кога било ја демонстрираше својата верба во моќта на…

January 5, 2026
СВЕТ

Нов хаос во Шпанија, бројни возови и линии блокирани по кражба на кабли: Ова е сериозна саботажа

Железничкиот сообраќај во Шпанија влезе втор ден на хаос откако беа украдени кабли на линијата помеѓу Мадрид и Севиља, што…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?