Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари
ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари

Објавено May 13, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист, информираат од паријата.

ДУИ, како што наведуваат, „со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“.

Жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство. Но, да биде јасно: државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фудбал и бизнис: Барселона со мечот со Реал заработи 13 милиони евра
Следна Статија Сите лица на Звицер: Водачот на Кавачкиот клан правел неколку пластични операции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот…

May 16, 2025
ПОЛИТИКА

Донесена резолуција на собранието на Алијансата за Албанците на Таравари: Веднаш се потребни дејствувања и промени

Собранието на Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, донесе резолуција со осум точки која ја прифатија сите…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?