Милијардерот и претприемач Илон Маск го потврди раѓањето на своето 14-то дете, Селдон Ликургус, со Шивон Зилис, извршен директор во неговата компанија Neuralink…
Двајцата веќе имаат три деца заедно, а веста беше објавена преку објава на Зилис на платформата X (поранешен Twitter), која подоцна ја потврди и Маск.
„Разговаравме со Елон и, во чест на роденденот на прекрасната Аркадија, почувствувавме дека е најдобро директно да ја споделиме веста за нашиот неверојатен син Шелдон Ликург. Со златно срце. Толку многу го сакаме“, напиша Зилис.
Маск и Зилис се родители и на близнаците Страјдер и Азур, како и на ќерката Аркадија. Нивното родителство стана познато во ноември 2021 година, кога се откри дека тајно ги добиле близнаците.
Покрај децата со Зилис, Маск има три деца со музичарката Грајмс и уште шест од претходниот брак со писателката Џастин Вилсон, иако едно од нив трагично починало во раното детство.