Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот
ЗАБАВА

Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

Објавено March 26, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Х (поранешен Твитер), беше гостин во подкастот на републиканскиот политичар Тед Круз каде откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот. Иако често предизвикува контроверзии, овој пат Маск го сподели своето мислење за луѓето на кои многу им се восхитува поради нивната интелигенција и влијание во светот на технологијата и бизнисот.

Тројца „генијалци“ според Маск: Елисон, Пејџ и Безос

Маск ги наведе следните имиња: Лери Елисон – ко-основач на Oracle и поранешен член на одборот на директори на Tesla, Лери Пејџ – ко-основач на Google и Џеф Безос – основач на Amazon и вселенската компанија Blue Origin.

Зборувајќи за Елисон, кој беше член на одборот на Тесла помеѓу 2018 и 2022 година, Маск го опиша како „еден од најпаметните луѓе што ги познава“. Покрај деловната соработка, Елисон наводно инвестирал 1 милион долари за да му помогне на Маск да ја преземе платформата X во 2022 година.

За Лери Пејџ, Маск рече дека неговиот успех и претворањето на Google во глобален технолошки гигант се директен резултат на неговата исклучителна интелигенција. „До одреден степен, паметен човек е некој што прави паметни работи“, коментира Маск. Иако претходно беа блиски пријатели, нивната врска се залади поради несогласувањата околу развојот на вештачката интелигенција, пишуваат странските медиуми.

Трет на листата е Џеф Безос, со кого Маск има долга историја на ривалство, особено кога станува збор за вселенската индустрија. Но, тој исто така го пофали: „Џеф Безос се соочи со многу сложени и значајни предизвици“, рече Маск, мислејќи и на неговата работа со Blue Origin.

Иако се натпреваруваа со години, особено во трката за освојување на вселената, Маск сподели меме на почетокот на оваа година што сугерираше дека тензиите меѓу него и Безос почнуваат да се намалуваат. Ова поттикна шпекулации дека врската меѓу двајцата милијардери сепак може да се подобрува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
Следна Статија (Видео) Аргентина и без Меси го декласира Бразил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Внуката на Доналд Трамп покажа како изгледа неговиот авион, а ова ги насмеа луѓето

Каи Трамп, 17-годишната внука на Доналд Трамп, неодамна на својот канал на YouTube покажа како изгледа внатрешноста на неговиот луксузен…

November 30, 2024
ЗАБАВА

Како луѓето кои живеат во најстудениот град на планетата ги загреваат своите домови: Сметка за греење од 8 долари (ВИДЕО)

Марија Солко е Јутјуберка која живее во Јакутск, често нарекуван најстудениот град на светот, а во своето неодамнешно видео објасни…

February 19, 2025
ЗАБАВА

Еве на кое место во домот треба да ја ставите новогодишната елка

Празниците се време кога домот дише поинаква енергија – потопла, помека и порадосна. Секој декор што го избираме, секоја ламба…

November 29, 2025
ЗАБАВАХОРОСКОП

Четири хороскопски знаци кои ретко се смеат

Некои луѓе се познати по своите сериозни изрази на лицето и ретки насмевки. Нивната природа често се поврзува со резервираност,…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?