Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот
ЗАБАВА

Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

Објавено March 26, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Х (поранешен Твитер), беше гостин во подкастот на републиканскиот политичар Тед Круз каде откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот. Иако често предизвикува контроверзии, овој пат Маск го сподели своето мислење за луѓето на кои многу им се восхитува поради нивната интелигенција и влијание во светот на технологијата и бизнисот.

Тројца „генијалци“ според Маск: Елисон, Пејџ и Безос

Маск ги наведе следните имиња: Лери Елисон – ко-основач на Oracle и поранешен член на одборот на директори на Tesla, Лери Пејџ – ко-основач на Google и Џеф Безос – основач на Amazon и вселенската компанија Blue Origin.

Зборувајќи за Елисон, кој беше член на одборот на Тесла помеѓу 2018 и 2022 година, Маск го опиша како „еден од најпаметните луѓе што ги познава“. Покрај деловната соработка, Елисон наводно инвестирал 1 милион долари за да му помогне на Маск да ја преземе платформата X во 2022 година.

За Лери Пејџ, Маск рече дека неговиот успех и претворањето на Google во глобален технолошки гигант се директен резултат на неговата исклучителна интелигенција. „До одреден степен, паметен човек е некој што прави паметни работи“, коментира Маск. Иако претходно беа блиски пријатели, нивната врска се залади поради несогласувањата околу развојот на вештачката интелигенција, пишуваат странските медиуми.

Трет на листата е Џеф Безос, со кого Маск има долга историја на ривалство, особено кога станува збор за вселенската индустрија. Но, тој исто така го пофали: „Џеф Безос се соочи со многу сложени и значајни предизвици“, рече Маск, мислејќи и на неговата работа со Blue Origin.

Иако се натпреваруваа со години, особено во трката за освојување на вселената, Маск сподели меме на почетокот на оваа година што сугерираше дека тензиите меѓу него и Безос почнуваат да се намалуваат. Ова поттикна шпекулации дека врската меѓу двајцата милијардери сепак може да се подобрува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
Следна Статија (Видео) Аргентина и без Меси го декласира Бразил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пет хороскопски знаци ги очекува недела полна со среќа

Пет хороскопски знаци ги очекува исклучително поволна астролошка прогноза следната недела. Влегуваме во неделата на пролетната рамноденица и започнуваме нов…

March 16, 2026

Супер Марио Галаксија + Супер Марио Галаксија 2 надградени на верзија 1.3.1, еве ги целосните белешки за надградбата

Преземете ја надградбата сега

February 7, 2026
ЗАБАВА

Балканот во тага: Почина Саша Поповиќ

 По кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Во оваа прилика беше испратено…

March 1, 2025
ЗАБАВА

Ова е најскапото летување во Европа: Лежалки на плажа за 1.200 евра (ФОТО)

Борбата за лежалки претставува посебна приказна за многу од патниците кои успеваат да заземат место покрај базен дури и кога…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?