Извршниот директор на платформата „X“ и милијардерот Илон Маск се закани дека ќе основа нова политичка партија – „Американска партија“ ако Конгресот го усвои законот за даноци предложен од администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави „Американ Политико“.
Во објава на „X“, Маск изјави дека неговата партија ќе биде формирана „веднаш следниот ден“ по усвојувањето на законот што го нарече „луд“ и го критикуваше како спротивен на принципите на фискална одговорност.
„На нашата земја ѝ е потребна алтернатива на демократско-републиканскиот еднопартиски систем за да може народот навистина да има глас“, напиша Маск.