Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илјадници луѓе меѓу кои и деца умираат од глад во појасот Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илјадници луѓе меѓу кои и деца умираат од глад во појасот Газа
СВЕТ

Илјадници луѓе меѓу кои и деца умираат од глад во појасот Газа

Објавено July 24, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Голем дел од населението во Појасот Газа умира од глад. Околу 2 милиони луѓе заробени во воената зона на Појасот Газа се соочуваат со уште еден убиец, покрај бомбите и куршумите, умирањето од глад, изјави Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.

„Не знам како поинаку би можеле да го наречете тоа освен дека луѓето масовно умираат од глад, и тоа е вештачки предизвикано. Тоа е многу јасно, и тоа е поради блокадата што ја воведе Израел“, изјави Тедрос Гебрејесус – генерален директор на СЗО

Палестински новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да ги лекуваат неисхранетите во болницата „Шифа“ во северна Газа, се толку гладни и болни што некои се онесвестиле и морале да им се даваат течности, објавува британскиот весник „Индипендент“. Директорот на болницата „Шифа“, изјави дека најмалку три деца починале од неисхранетост само на неговите одделенија.

Палестинските здравствени власти велат дека најмалку 111 лица починале од глад вклучувајќи 80 деца, повеќето од нив во последните недели, а 10 само во последните 24 часа. Дури и луѓето кои се обидуваат да добијат храна на пунктовите за помош ги ризикуваат своите животи. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека израелските сили убиле повеќе од 1.000 Палестинци, кои се обидувале да добијат храна во Појасот Газа од мај. Израел е под сè поголем меѓународен притисок поради тешката хуманитарна ситуација во Газа и кон крајот на мај делумно ја ублажи целосната блокада наметната на палестинската енклава на почетокот на март, што доведе до недостиг на храна и лекови

Според палестинските здравствени службеници, израелските сили убиле речиси 60.000 Палестинци во Газа како одговор на нападите на милитантите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, во кои загинаа 1.200 луѓе и беа земени најмалку 250 заложници, по што Израел почна воена акција во Газа. Организациите за човекови права, како што е „Амнести интернешнл“, тврдат дека постојат докази што укажуваат на „континуирана употреба на гладување при спроведувањето на израелскиот геноцид врз Палестинците“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешко злосторство во Црна Гора: Се скарал со сопругата и ја убил ќерката (2) и себеси
Следна Статија (ФОТО) Мажи се степале во авионот од Загреб за Малме, паѓале врз луѓе, деца врискале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украински и руски војник ранети во урнатините на фронтот си помагале за заедно да ја избегнат смртта

Во воениот пекол на Гуљајполe во областа Запорожје, во урнатините на едно уништено засолниште, еден украински војник, освестувајќи се откако…

January 31, 2026
СВЕТ

Овие две војводства им носат милиони фунти на кралот Чарлс и принцот Вилијам

Две војводства во сопственост на кралот Чарлс и принцот Вилијам носат милиони фунти годишно од киријата што ја плаќаат даночните…

November 3, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци

Околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар во преполн бар за време на новогодишната забава во луксузниот…

January 1, 2026
СВЕТ

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки, има и загинати

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?