Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа: Ова е најдобрата држава за преселување во 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа: Ова е најдобрата држава за преселување во 2025 година
ЗАБАВА

Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа: Ова е најдобрата држава за преселување во 2025 година

Објавено October 19, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓето кои сакаат да започнат живот на ново место во 2025 година. Оваа нордиска држава го зазела првото место со вкупен резултат 58,4 од можни 100 поени.

Оценувани биле 24 клучни критериуми, меѓу кои и економска сила, трошоци за живот, квалитет на здравствената заштита и јавен превоз.

Исланд не е само чудо на природата кој го красат глечери, гејзери и аурора бореалис. Исланд се истакнува и по стандардот за живот, безбедноста и среќата на своите граѓани, а најновите листи тоа го потврдуваат – оваа земја се наоѓа на третото место меѓу најсреќните држави на планетата.

Главниот град Рејкјавик, иако брои околу 140.000 жители има космополитанска енергија. Во него ќе најдете сѐ што нудат многу од поголемите европски метрополи – живописни сцени во рестораните и кафулињата, галерии, театри, фестивали и модерен начин на живот.

Сепак, она што го издвојува е тоа што сѐ може да обиколите пешки. Градот нуди ретка комбинација на урбана функционалност и топлина на заедницата, што го прави единствено место за живот.

Економијата на Исланд дополнително ја зајакнува неговата привлечност. Просечната месечна плата таму изнесува околу 4.500 евра, со што Исланд се сместува меѓу земјите со најдобри услови за живот и работа во Европа.

Стабилна економија, добро уреден социјален систем и исклучително квалитетна здравствена заштита како дел од секојдневието на жителите.

Кој друг се најде на листата?

Меѓу десетте најпривлечни земји за имиграција доминираат европските држави како Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Ирска, Данска и Холандија.

Од друга страна, Велика Британија се нашла на 19 место, зад САД кој го зазел седмото место.

Јужна Кореја е оценета како најдобра по прашањето на здравствена заштита, веднаш зад неа е Австралија, додека пак Шри Ланка го зазела првото место во областа на образованието, благодарение на исклучително ниските трошоци за грижа за децата – само 354,60 долари годишно.

Луксембург се истакнал како лидер кога станува збор за јавниот превоз, додека пак Обединетите Арапски Емирати се прогласени за најбезбедна земја. Велика Британија стигнала меѓу првите десет само во категоријата заштита на животната средина.

Во студија која ги рангирала земјите според среќата на нејзините граѓани, Финска осма година по ред е прогласена за најрадосна нација на светот. На врвот од извештајот за светската среќа доминираат нордиските земји – Данска на второто место, Исланд на третото, а Шведска на четвртото.

На дното од листата најнесреќни земји повторно е Авганистан, додека пак последните пет места ги заземаат и Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Напреден тест на крв за откривање на над 50 видови рак покажа ветувачки резултати
Следна Статија Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ако сте родени во овие хороскопски знаци, честитки! Од 30 април конечно пари по тешките месеци

По 30 април, два хороскопски знаци можат да очекуваат ненадеен пресврт на финансиски план, но под еден услов. Астролозите предвидуваат…

April 15, 2025
ЗАБАВА

AWS серверите паднале: Влијание врз повеќе онлајн игри

Застој кај Amazon Web Services предизвика прекини во работењето на популарни онлајн игри

December 26, 2025
ЗАБАВА

Џамбазов за Андреј: Пријателе …малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта – добри луѓе

Македонскиот музичар, актер, текстописец и шоумен, Игор Џамбазов со длабока тага изрази жалење за прерано згаснатиот живот на неговиот колега…

March 20, 2025
ЗАБАВА

МНТ одбележува 80 години во јануари

Македонскиот народен театар (МНТ), најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија в година ќе одбележи јубилеј…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?