Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десет години затвор за трагедијата кај Ласкарци, повторно побарал одложување на извршувањето на казната.
Иако денеска требаше да замине зад решетки, тој поднел ново барање со образложение дека има закажана операција. Слично барање претходно поднесе и шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари, кој тврдеше дека треба да оперира кила на тестиси.
Но, наместо да се јави на издржување на казната, Мифтари избега и по него е распишана потерница. Судот сега треба да реши дали Белули ќе добие уште едно одложување.