Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски

Објавено May 22, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како што рече ќе продолжи да се гледа, разговара и ќе им се помогне на семејствата на повредните.

-Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите најмили, изјави премиерот Мицкоски, кој во Општина Желино денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата и се помага на семејствата на загинатите и повредните во кочанската дискотека „Пулс“.

Мицкоски го повика и обвинителството да ги преиспита сите случаи во минатото кои како што рече беа заташкани, а меѓу нив се случаите во модуларната болница во Тетово, потоа Ласкарци, Беса транс, а вклучително како што рече и последниот во Кочани. Ова е дел од пораката на премиерот Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за одговорноста за пожарот во модулрната болница во Тетово и поддршката за семејствата кои имаат загинато свои блиски.

-Секој којшто има и најмала вина, вклучително и јас да биде одговорен, без разлика од која политичка партија доаѓа, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата одговори дека семејствата кои имаат загинато свои блиски во модуларната болница во Тетово апсолутно ја имаат неговата поддршка, но посочи дека истрагата околу овој случај не ја води Владата, туку обвинителството.

– Пресудата ја носат судовите. Ние многу пати во минатото сме кажале дека тие ниту имаат кредибилитет, ниту имаат легитимитет, бидејќи судиите и обвинителите во минатото знаете каде се собираа, во штабовите на СДСМ и на Демократската унија за интеграција и логично е што вие очекувате, какви пресуди да носат тие судии, тие обвинители, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е и логично дека таквите судии и обвинители ќе носат такви пресуди, како што е пресуда за братот на поранешен министер и како што вели „нема сигурно да донесат поинаква пресуда“.

Тие судии, тие обвинители така ќе обвинуваат и така ќе судат се додека не настане целосен ресет на системот, а за да настане целосен ресет, ние сакаме да ги почитуваме законите и Уставот. Ние не сакаме да работиме дивјачки, како што тоа некој го правеше во минатото. Апсолутно додека јас сум премиер, гарантирам правда за секого, нема граѓани од прво и втор ред. Сите сме исти пред Уставот и законите и така ќе продолжиме да функционираме, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џулијан Асанж во Кан носеше маица со имињата на децата убиени во Газа (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот

Под мотото „Забрането дишење“, в сабота (1 февруари) низ главните улици во Струмица ќе се одржи протестен марш поради загадувањето…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

НОВА ЕРА НА ЕКОНОМСКА И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА: Што носи договорот меѓу Македонија и Обединетото кралство?

Во мај 2025 година Македонија и Обединетото Кралство официјално потпишаа Стратешки билатерален договор кој означува значаен чекор напред во односите…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?