Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имате проблеми со „МојДДВ“ – превземете ја новата верзија на апликацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Имате проблеми со „МојДДВ“ – превземете ја новата верзија на апликацијата
ЕКОНОМИЈА

Имате проблеми со „МојДДВ“ – превземете ја новата верзија на апликацијата

Објавено August 16, 2025 10:29
Сподели
Сподели

Грешка при верификација, сметката е скенирана или пак бар кодот на фискалните сметки едноставно не се вчитува.Ова се проблемите со кои се соочуваат дел од граѓаните, кои се обидуваат да скенираат сметки за Мој ДДВ. Ваквата состојба се провлекува извесен период наназад, што создава нервоза и нетрпеливост кај луѓето, кои преку оваа мерка се обидуваат да повратат дел од платениот ДДВ.

Причината за сите овие проблеми лежи во самата апликација Мој ДДВ, која треба да се прилагоди и ажурира, за да функционира нормално.

Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека е достапна нова верзија на мобилната апликација „МојДДВ“, наменета за корисниците кои се соочија со технички потешкотии при скенирање на фискалните сметки во изминатиот период.

Граѓаните кои имаа проблеми со функционирањето на апликацијата, да ја ажурираат „МојДДВ“ преку официјалните дигитални продавници, соодветно на типот на уредот што го користат:

Google Play Store – за Android уреди

App Store – за iOS уреди

Huawei AppGallery – за Huawei уреди

Ажурираната верзија содржи технички подобрувања кои треба да го олеснат скенирањето и да го подобрат целокупното корисничко искуство – информираат од Управата.

Од друга страна, оние корисници кои не забележале никакви проблеми, можат и понатаму да ја користат апликацијата без потреба од дополнителни интервенции.

Претходно, кон крајот на јули, УЈП информираше дека дека мобилната апликација „МојДДВ“ работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работеше на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање, објаснуваат од УЈП.

Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани по ставењето на апликацијата повторно во функција, што од 5 август е овозможено да се направи.

Инаку деновиве почна исплатата на средствата од Мој ДДВ за вториот квартал од годинава.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ – информираат од УЈП.

Рокот до кога сите граѓани на своите сметки ќе го добијат повратот од Мој ДДВ е крајот на овој месец.

Како што е познато граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ можат да добијат поврат и до 2.100 денари за едно тромесечие, или 8.400 денари за цела година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево
Следна Статија Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Златото се приближува до 4.000 долари

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – близу 4.000 долари за унца – додека затворањето на американската…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици

Во време на економски предизвици и глобални трансформации, потребата од јасен, стручен и одговорен глас на економистите е поголема од…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.…

December 14, 2024

Заштедете пари во 2026: Microsoft Office Professional за еднократна цена

Ослободете се од месечните претплати со паметно решение

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?