Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат
ХРОНИКА

Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат

Објавено July 10, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Пронајдени се докази, а има и сведоци дека пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, открива градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, за вчерашниот пожар, кој брзо беше ставен под контрола и угаснат.

Најостро го осудувам овој чин, се надеваме дека ќе се пронајдат сторителите и ќе се казнат, вели тој.

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб синоќа рече дека причината за ширење на пожарите во најголема мера беа неповолните временски услови и силниот ветер, но и дека за дел имаат основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти.

Министерот, рече дека, не би можел да открива детали, но посочи дека многу е симптоматично тоа што, како што се неутрализира еден пожар, набрзо почнува втор, трет и сите се поврзани со одредена клучна инфраструктура.  

Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека можни е да се работи и за едно поинакво сценарио од она, што би било сценарио на случајност. Институциите работат на терен и се надевам дека брзо ќе бидат расветлени сите овие случаи од коишто се предизвикани пожарите, изјави Тошковски, нагласувајќи дека вчера е фатено едно лице што палело со умисла, кое веќе е изведено пред судија на претходна постапка. 

Дека дел од пожарите се подметнати потврди и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој откри дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Голем пожар на грчкиот остров Тасос, луѓе во паника бегаат
Следна Статија ПСЖ го надигра Реал и победи со убедливи 4-0

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Тешко повреден скопјанец по судар на товарно возило и мотоцикл

На 01.08.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „1“ во село Ржаничино, скопско, се случила…

August 2, 2025
ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Кешишев не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на судијата Ивица Стефановски даде исказ…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?