Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
ЕКОНОМИЈА

Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

Објавено February 26, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка.

Премиерот Мицкоски истакна дека на дневна основа е во координација со Државниот пазарен инспекторат, министерот за економија и труд и  Комисијата за заштита на конкуренција и како што рече никогаш досега покриен е теренот со инспекции и јасна анализа и следење на состојбите во ланците, супер маркети, мини маркети итн.

-Секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот. Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има Закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние коишто мислат дека на грбот на народот ќе се богатот, тоа ние како Влада нема да го дозволиме, рече премиерот Мицкоски.

На новинарско прашање дека некои од големите ланци на супер маркетите тактизираат во однос на пониските цени, дали размислува како одговор на ова да го продолжите рокот на траење на оваа мерка, премиерот Мицкоски е дециден дека тој што тактизира ќе плати казна согласно законот.

-Не, не можат да тактизираат, си има законски рок, кој е со уредба донесен итн. и не може да се тактизира. Тој што тактизира ќе плати казна согласно законот. Нема тактизирање, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
Следна Статија Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан…

October 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?