Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски
ПОЛИТИКА

Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Објавено June 14, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за средба со бугарската страна, и дека веќе постои предлог-термин, за кој сè уште се чека потврда од официјална Софија.

„Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес, се уште немам повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“, рече Мицкоски на новинарско прашање дали стапил во контакт со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта и дали Бугарија ќе прифати ваква средба.

Паралелно со ова, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера изјави дека иако вообичаено се одржуваат средби со хомолозите, таа нема проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг. Таа појасни дека нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев, нема да присуствува на Самитот, што отвора можност за разговор со Жељазков во насока на деблокирање на евроинтеграциите на Македонија.

„Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, негов беше предлогот. Во меѓувреме, јас не знам, ќе бидам таму ако ми е мене редот. Инаку, се знае, ред е да се разговара со хомологот, но еве нема проблем, меѓутоа не зависи од мене туку зависи од нашите соседи“, рече Сиљановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убиени уште тројца ирански научници и двајца високо рангирани генерали
Следна Статија Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов: Актуелното раководство на партијата врши самоубиство со умисла на СДСМ

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата смета дека актуелното раководство…

January 21, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција најави дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлијe…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општина, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?