На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.С.(59) од с.Теарце, тетовско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(57) од с.Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и А.С.(51) од с.Теарце, сопатничка од патничкото возило кое го управувал И.С..
Увид изврши екипа на СВР Тетово.