Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има толку многу милијардери во САД што има недостиг од финансиски советници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Има толку многу милијардери во САД што има недостиг од финансиски советници
Blog

Има толку многу милијардери во САД што има недостиг од финансиски советници

Објавено May 19, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Најновата студија спроведена во САД покажа дека поради зголемениот број милијардери во таа земја, може да има недостиг од дури 100.000 финансиски советници до 2034 година, објавија денес медиумите.

Фактот дека денес во светот има сè повеќе ултрабогати поединци го потврдува и најновата листа на списанието „Форбс“, според која во 2025 година во светот ќе има 3.028 милијардери, чие вкупно богатство изнесува 16,1 трилиони долари. Овој број на милијардери е невиден, поради што услугите на финансиските советници се сè побарани.

Како што објавува CNBC, проблемот е што темпото на раст на бројот на милијардери не е усогласено со соодветниот број на финансиски советници, па затоа наскоро нема да има доволно од нив. Најновата студија на американската фирма „МекКинзи“ истакнува дека останува прашањето дали понудата може да ја задоволи растечката побарувачка за овој тип експерти.

Бројот на финансиски советници во САД растел за само 0,3 проценти годишно во последните 10 години, а се очекува да се намали за 0,2 проценти во наредните години поради пензионирањето на многу експерти, додека нема доволно нови.

„МекКинзи“ посочува дека ова би можело да резултира со недостиг од помеѓу 90.000 и 110.000 експерти до 2034 година. Овој тренд не е ограничен само на САД, бидејќи станува сè потешко да се најдат финансиски советници и во Европа. Ова се случува не само поради растечкиот број богати поединци, туку и затоа што многу европски семејни бизниси не се задоволни од квалификациите на постојните советници.

Управните одбори на компаниите што водат семејни бизниси се многу барачки во овој поглед, а работата ја добива лицето на кое најмногу му веруваат. Затоа, наоѓањето и ангажирањето финансиски советници ќе стане голем предизвик за компаниите во иднина, особено во САД, заклучува студијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ
Следна Статија (Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија се во неволја

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет на царини…

April 9, 2025
Blog

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците

Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од…

July 17, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денес е ден полн со важни собитија во кои може да се активира вашата…

January 26, 2025
Blog

Доларот зајакна, цените на нафтата растат

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, што…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?