Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) предизвика хаос на европските аеродроми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) предизвика хаос на европските аеродроми
СВЕТ

Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) предизвика хаос на европските аеродроми

Објавено December 22, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES), кој започна на 12 октомври 2025 година предизвика хаос на аеродромите, посебно во периодот на зголемени гужви. Патниците чекаат и по 3 часа за да ги поминат сите процедури. Аеродромските служби предупредуваат дека доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари, многу тешко ќе биде да се реализира обврската за зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, а хаосот на аеродромите ќе биде уште поголем, а довербата на патниците драстично ќе се намали.

Сегашниот праг на регистрација на патниците е 10%.

Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) ги повика Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки на Шенген итно да се справат со растечките оперативни проблеми со имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) или да ја обезбеди поголема флексибилност при неговата примена до целосното воведување на сите аеродроми.

Оттаму велат дека, прогресивното зголемување на регистрацијата и снимањето на биометриски податоци од државјани на трети земји кои влегуваат во Шенген зоната резултира со зголемување на времето за обработка на граничната контрола на аеродромите до 70%, со време на чекање до 3 часа во периодите на најголем сообраќај.

Ова сериозно влијае на искуството на патниците – особено засегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија – велат од ACI.

Од Меѓународниот совет на аеродроми наведуваат дека и по два месеца од воведувањето на системот за влез и излез се уште имаат проблеми до прекини во системот, неговата конфигурација, недостапност на портите за автоматска гранична контрола (ABC) за обработка на EES на многу аеродроми.

Како проблем се наведуваат и немањето доволен број киосци на кои ќе се остават биометриските податоци и недостиг од полициски кадар.

Значителна непријатност веќе им се нанесува на патниците, а операциите на аеродромите се засегнати со моменталниот праг за регистрација на државјани од трети земји поставен на само 10%. Освен ако сите оперативни прашања што ги покренуваме денес не се решат целосно во наредните недели, зголемувањето на овој праг за регистрација на 35% од 9 јануари – како што бара календарот за имплементација на EES – неизбежно ќе резултира со многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите. Ова веројатно ќе вклучува сериозни безбедносни опасности – вели Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.

ACI EUROPE е европскиот регион на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), единственото светско професионално здружение на оператори на аеродроми. ACI EUROPE претставува над 600 аеродроми во 55 земји. Нашите членови овозможуваат над 95% од комерцијалниот воздушен сообраќај во Европа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕРТ направи емисија за нашинците во Грција: Македонците пееја на македонски, говореа на грчки јазик
Следна Статија Социјално-економски совет во Владата, ќе се зборува за мининалната плата и потрошувачката кошничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,…

May 21, 2025
СВЕТ

(Видео) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг

Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен…

June 10, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Беше страшно: Сведоштва од трагедијата во Кран Монтана

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од…

January 2, 2026
СВЕТ

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење

Десет дена пред да ја преземе функцијата претседател, Доналд Трамп ќе ја слушне пресудата за случајот „мито за молчење“. Судијата…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?