Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“
ЕКОНОМИЈА

Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Објавено June 9, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Здружението „Инженери на Република Македонија“ објави дека доставило поднесок до Владата и до Министерството за транспорт, со молба да се елиминира можноста трасата на идниот експресен железнички правец да минува низ просторот наменет за реализација на проектот „Вардарска долина“.

„Во време кога светот се стреми кон обновливи извори на енергија и одржлив развој, „Вардарската долина“ се наоѓа на крстопатот на историската одлука на оваа Влада која ќе го одреди правецот на нашата енергетска иднина.“

Дванаесетте хидроцентрали планирани во овој предел не се само градежни проекти – тие претставуваат стратешки темел на националната економија, извор на чиста, еколошка енергија и значаен потенцијал за раст и напредок на Македонија, истакнуваат од Здружението.

Според нив, изградбата на хидроцентралите во „Вардарската долина“ ќе донесе многубројни економски бенефиции.

„Тие ќе овозможат значително намалување на зависноста од фосилните горива, ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата, акумулациите и системите за наводнување ќе го зголемат приносот во земјоделството, ќе се обезбеди стабилно управување со водните ресурси и заштита од поплави, а ќе се обезбеди и заштита на плодното земјиште преку намалување на ерозијата.“

„Придобивките од обновливата енергија се инвестиција не само во денешницата, туку и во иднината на нашите деца и внуци.“

Сепак, потенцијалот на овој проект е доведен во прашање од актуелните планови за трасата на брзата пруга, која, доколку се реализира по постоечкиот колосек, ќе ја исклучи можноста за развој на хидроенергетските капацитети во Вардарската долина.

„Ова не е само техничко прашање, туку морална и еколошка одговорност да не им го одземеме правото на идните генерации да ја користат енергијата и придобивките од акумулациите што Вардарската долина може да ги понуди,“ стои во објаснувањето.

Од Здружението веруваат дека, ние, како заедница, мораме да ги сочуваме сите опции за развој и користење на природните богатства на најодржлив можен начин.

„Затоа цениме дека трасата на брзата пруга може да биде адаптирана на локации каде би ги зачувала просторните можности на Вардарската долина овозможувајќи притоа истовремено и модерна транспортна инфраструктура и развој на хидроенергетиката.“

„Затоа ја повикуваме Владата и Министерството за транспорт да не го нарушуваат концептот „Вардарска долина“ бидејќи само така можеме да ја обезбедиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која енергијата тече слободно по Вардар, а со неа и просперитетот за сите нас.“

„ВАРДАРСКА ДОЛИНА Е КОЛОСЕК НА НАШАТА ИДНИНА,“ се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп се сопна по скали на авион – претходно му се исмеваше на Бајден за тоа
Следна Статија (Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Британски синџир супермаркети дава по 1 фунта на секој клиент кој ќе им помогне да ги фатат крадците во продавници

Синџирот супермаркети „Исланд“ во Велика Британија им нуди на своите клиенти една фунта како награда на нивната картичка за лојалност…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Економски раст за сите (инклузивен економски раст)

„Економија што расте, но не ги споделува придобивките од тој раст, не е само неправедна – таа е и нестабилна.“…

May 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во земјава активни околу 80.000 фирми, бизнисот масовно се префрла на електронско работење

Во Македонија моментално се активни околу 80.000 компании, а забележлив е трендот на намалување на употребата на хартија во деловното…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?