Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инспекторите од ДЗСИ не нашле пропусти во медицинската документација при третманот на Елена Ѓорѓиевска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Инспекторите од ДЗСИ не нашле пропусти во медицинската документација при третманот на Елена Ѓорѓиевска
ЗДРАВЈЕ

Инспекторите од ДЗСИ не нашле пропусти во медицинската документација при третманот на Елена Ѓорѓиевска

Објавено November 12, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била испишана од Дигестивна хирургија, не најдоа грешки и пропусти во нејзината медицинска историја и записите, потврдува за Канал 5 Директорот на ДСЗИ Кирил Лазов. Тој вели дека инспекторите влегле и на Гастроентерохепатологија и на Дигестивна бидејќи подолг период сега веќе починатата млада мајка, била хоспитализирана во овие две клиники. Иако, не нашле пропуст од нивна надлежност Инспекторатот бара Министерот да формира комисија од стручни лица што ќе го проследат патот на лекување од медицински аспрект и ќе можат да заклучат дали при третманот имало лекарска грешка или не.

-Во документацијата стои дека пациентката била испишана на 1.11.2025 година во добра општа состојба со уреден локален наод и даден совет за терапија и хигиенодиететски решим. При вонредните вонредни надзори не се констатирани недостатоци во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Поднесена е иницијатива до Министерот за здравство за формирање на комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката,изјави  Кирил Лазов – Директор на ДСЗИ.

Директорот на Дигестивна хиругрија Д-р Огнен Костовски за Канал 5 вели дека имало стручен колегиум внатре во самата клиника кој веќе го разгледувал постапувањето на хирурзите кои ја оперирале пациентката што била дијагностицирана со автоимуна Кронова болест, хронична воспалителна состојба на цревата која може да влијае на кој било дел од дигестивниот тракт. Директорот Костовски вели дека иницирал и комисија за дисциплинска постапка.

-Станува збор за изолиран случај по кој се постапува. Ќе ги почекаме сите извештаи и ќе се формира комисија за дисциплинска постапка, која според формално-правните регулативи не ми дозволува лично да бидам инволвиран бидејќи сум Директор. Комисијата ќе биде сочинета од тројца лекари, двајца од нив од Медицинскиот факултет,изјави Проф. Д-р Огнен Костовски – Директор на Клиника за дигестивна хирургија.

Семејството на Елена смета дека има лекарска грешка во постапувањето на еден од хирурзите што првично ја оперирал и според нив, таа интервенција за која велат, е изведена без дренови според шведски систем, е резултат на погрешна медицинска постапка, особено, со оглед на тоа што состојбата драстично ѝ се влошила по оваа операција. Тие велат дека ако треба правда за прерано згаснатиот живот на младата мајка на две дечиња, од една и четири годинки, ако треба, ќе ја бараат и на суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mилевски пред мечот со Летонија: Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции
Следна Статија Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Опасна хемикалија пронајдена во цуцли за бебиња

Лабораториските испитувања на чешката организација на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА), поврзана со нарушување на половите…

October 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најмладиот пациент на кој му е извршена бубрежна трансплантација имал 15 години, а најстариот 67

Трансплантација на бубрег чекаат околу 160 пациенти во државата. Во моментов на дијализа одат 1.657 пациенти во 23 центри за…

March 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се вратиле од езготични дестинации со маларија

Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува…

March 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Грипот го достигнува пикот – на Детска клиника и во Козле се прегледуваат и по 200 деца дневно

Грипот го достигнува пикот. Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200-те пациенти за…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?