Американскиот технолошки гигант Интел објави дека постигнал договор за продажба на мнозинскиот удел во својата компанија за чипови Altera за 8,75 милијарди долари на инвестициската компанија Silver Lake.
Како што јави американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП), според условите на договорот, Силвер Лејк ќе преземе 51 отсто од сопственоста на Алтера, која Интел ја купи во 2015 година за 16,7 милијарди долари, што тогаш беше најголемата аквизиција во историјата на компанијата.
Целта на аквизицијата беше да влезе на нови пазари, вклучувајќи ги безжичните комуникации, автомобилската индустрија и специјализираните чипови. Интел ја отфрли Altera како самостојна компанија претходно оваа година, а продажбата се очекува да заврши во втората половина на 2025 година.
Цената на акциите на Интел порасна за 3,2 отсто веднаш по објавувањето на веста.