Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
МАКЕДОНИЈА

Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Објавено February 22, 2026 14:11
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршил увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект што треба да ја донесе првата подземна сообраќајница во главниот град.

Како што информира Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи, работите се одвиваат со засилена динамика, со ангажман на голем број градежни машини и работници, вклучително и во вечерните часови, со цел да се избегнат дополнителни сообраќајни застои.

Според него, станува збор за проект кој подолг период бил во застој, а сега добива јасна временска рамка и нов импулс за реализација. Иако третата фаза – подземната сообраќајница – е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е условено со завршување на сите предвидени етапи.

Првата фаза, која започнала пред неколку недели, опфаќа реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одредени сообраќајни ленти за подобрување на проточноста. Активностите се реализираат на булеварот „Борис Трајковски“, улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и на дел од булеварот „Македонија“ што се поврзува со следната фаза од проектот.

Во рамки на оваа етапа е предвидено и проширување на улицата „Пролет“, на потегот од Полициската станица „Пролет“ до Тутунскиот комбинат, со дополнителна сообраќајна лента. Раскрсницата ќе биде уредена со нови сообраќајни острови, со цел зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Ѓорѓиевски најавува и воведување еднонасочен режим на сообраќај на одредени делници, како и поставување нови современи семафори на раскрсницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“.

Во наредните фази се планира изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни тека на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“, заедно со проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.

Паралелно со патната инфраструктура се изведува и атмосферска канализација, со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници, што треба да придонесе за поодржлива урбана мрежа.

Според најавите, подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот и поефикасно движење низ центарот на градот.

„Ова е ново поглавје во развојот на Скопје и чекор кон модерен и функционален град“, наведува Ѓорѓиевски во објавата, додавајќи дека проектот ќе продолжи со интензивна реализација и во наредниот период.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Why There’s Simply No Need For A Password Manager Anymore – bgr.com
Следна Статија NieR:Automata “To Be Continued” As Sales Hit Another Milestone – Nintendo Life

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија

Ќе се бираат нови кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Владата ја поништи претходната предлог листа на…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ испрати писмен допис до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кој посочува…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полиција и обвинителство спроведуваат претреси во повеќе градови

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во село Батинци е локализиран

По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?