Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во септември пониска од август 2025, ама повисока за 4 отсто во однос на септември 2024
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инфлацијата во септември пониска од август 2025, ама повисока за 4 отсто во однос на септември 2024
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во септември пониска од август 2025, ама повисока за 4 отсто во однос на септември 2024

Објавено October 7, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2 отсто, соопшти Државниот завод за статситика.

Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ бара оставка од Тошковски: Вооружениот инцидент во Куманово е најсериозен инцидент во пресрет на локалните избори
Следна Статија ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД НАПАДОТ ВРЗ Д-Р ШАХИНИ Надзорна камера го сними обидот за убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата

Цените на нафтата паднаа во петокот, но и натаму се на пат за неделен раст, одразувајќи го напнатото балансирање помеѓу…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дина Пауер Макормик се приклучува на Мета како Претседател и Потпретседател

Дина ќе биде член на раководниот тим на Мета, помагајќи во водењето на севкупната стратегија и извршување.

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?