Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани
ЗАБАВА

Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани

Објавено August 4, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Кало де Моро, некогаш недопрен и скриен залив на Мајорка, сега е симбол на уништувачкиот ефект на масовниот туризам поттикнат од социјалните мрежи. Оваа плажа, која стана вирална на Instagram и TikTok поради својата природна убавина, денес е прекриена со ѓубре, толпи и огорченост.

Наместо олеснување на туристичкиот метеж, стратегијата на властите минатото лето да ги испратат инфлуенсерите во помалку познати зони резултираше со спротивен ефект: Кало де Моро беше преплавена со илјадници посетители дневно, оставајќи зад себе купишта отпад и ерозија на песочниот брег – дури шест тони песок исчезнуваат секои три месеци.

Локалните жители се побунија. Над 300 демонстранти се симнаа во заливот со порака „Не ги окупирајте нашите плажи“. На паркинзите се делеа летоци, а мештаните физички ги запираа туристите, повикувајќи ги да си заминат. Дел од демонстрантите користеа транспаренти, други – остар тон. „Одиме, денес ние ќе уживаме“, им порачуваа на туристите.

Ги видов сликите на TikTok и сакав да дојдам, но сфативме дека мештаните протестираат. Нема проблем, ќе најдеме друга плажа“, рече Украинката Кристина Вашченко, една од многуте изненадени посетителки.

Властите реагираа – фотографиите на плажата беа отстранети од официјалните страници. Но штетата е веќе направена. Локалците велат дека туристите ја претвориле плажата во депонија, оставајќи отпад на непристапниот терен, премногу мрзеливи да го однесат назад со себе.

Овој залив е само еден пример за поширокото незадоволство што расте низ Шпанија. Илјадници излегоа на улиците на Мајорка, Барселона и други градови, протестирајќи против моделот што ги претвора нивните домови во декор за „лајкови“ и профит на туѓа сметка. Пораките се јасни: „Туристи, одете си дома“, „Барселона не е на продажба“ и „Нашите плажи не се ваше сметлиште“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Единаесет фудбалери повредени при удар на гром на натпревар во Србија
Следна Статија Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На 91 година почина мајката на Витни Хјустон и добитничка на Греми

Почина Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон и самата гспел икона . Таа имаше 91 година. Хјустон почина во…

October 8, 2024

Апл подготвува повеќе од 20 нови производи оваа година

2026 година ветува да биде уште една зафатена година за Апл, со најавени повеќе од 20 нови производи во текот…

January 27, 2026
ЗАБАВА

Ново откритие во светот на видео игрите: ‘No Law’ – киберпанк RPG со отворен свет

Добредојдени во Port Desire, футуристичко урбано опкружување полно со акција

December 13, 2025
ЗАБАВА

„Најзачинетата“ шега на Конан О’Брајан: Сега е време Ламар да излезе тука и да го нарече Дрејк „педофил“ (ВИДЕО)

Можеби една од „најзачинетите“ шеги на Конан О’Брајан како водител на „Оскарите“ утрово, беше околу препукувањето меѓу поп-пејачите Дрејк и…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?