Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани
ЗАБАВА

Инфлуенсерите ја претворија рајската плажа во депонија: Мештаните бесни, туристите протерани

Објавено August 4, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Кало де Моро, некогаш недопрен и скриен залив на Мајорка, сега е симбол на уништувачкиот ефект на масовниот туризам поттикнат од социјалните мрежи. Оваа плажа, која стана вирална на Instagram и TikTok поради својата природна убавина, денес е прекриена со ѓубре, толпи и огорченост.

Наместо олеснување на туристичкиот метеж, стратегијата на властите минатото лето да ги испратат инфлуенсерите во помалку познати зони резултираше со спротивен ефект: Кало де Моро беше преплавена со илјадници посетители дневно, оставајќи зад себе купишта отпад и ерозија на песочниот брег – дури шест тони песок исчезнуваат секои три месеци.

Локалните жители се побунија. Над 300 демонстранти се симнаа во заливот со порака „Не ги окупирајте нашите плажи“. На паркинзите се делеа летоци, а мештаните физички ги запираа туристите, повикувајќи ги да си заминат. Дел од демонстрантите користеа транспаренти, други – остар тон. „Одиме, денес ние ќе уживаме“, им порачуваа на туристите.

Ги видов сликите на TikTok и сакав да дојдам, но сфативме дека мештаните протестираат. Нема проблем, ќе најдеме друга плажа“, рече Украинката Кристина Вашченко, една од многуте изненадени посетителки.

Властите реагираа – фотографиите на плажата беа отстранети од официјалните страници. Но штетата е веќе направена. Локалците велат дека туристите ја претвориле плажата во депонија, оставајќи отпад на непристапниот терен, премногу мрзеливи да го однесат назад со себе.

Овој залив е само еден пример за поширокото незадоволство што расте низ Шпанија. Илјадници излегоа на улиците на Мајорка, Барселона и други градови, протестирајќи против моделот што ги претвора нивните домови во декор за „лајкови“ и профит на туѓа сметка. Пораките се јасни: „Туристи, одете си дома“, „Барселона не е на продажба“ и „Нашите плажи не се ваше сметлиште“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Единаесет фудбалери повредени при удар на гром на натпревар во Србија
Следна Статија Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Јелена Розга отворено зборуваше за проблемите со здравјето и за семејството Хуљиќ

Хрватската пејачка Јелена Розга беше во Скопје за да го најави својот концерт во Охрид на 29 јули на Античкиот…

June 5, 2025
ЗАБАВА

Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот

Макало е традиционално македонско јадење базирано на лук. Најосновниот вид макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински…

January 7, 2025
ЗАБАВА

Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, г-дин Душан Ковачевиќ,…

September 8, 2025
ЗАБАВА

Кошаркар за малку ќе ја превртеше Ен Хатавеј од столчето, снимката е хит (ВИДЕО)

Актерката Ен Хатавеј вчера вечер го следеше НБА натпреварот помеѓу Њујорк Никс и Чикаго Булс во првите редови во Медисон…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?