Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфраструктурните проекти, тема на разговор меѓу Силјановска Давкова и Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инфраструктурните проекти, тема на разговор меѓу Силјановска Давкова и Николоски
ЕКОНОМИЈА

Инфраструктурните проекти, тема на разговор меѓу Силјановска Давкова и Николоски

Објавено February 21, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Претседателката Сиљановска-Давкова ја поздрави интензивната инфраструктурна активност, како одговор на потребата од подобра внатрешна и регионална поврзаност, како и поврзаност со ЕУ.
Во модерната инфраструктура, таа гледа основа за побрз економски развој, како и зголемување на домашните и странските инвестиции.
Министерот Николоски ја запозна претседателката со изградбата на патната и железничката мрежа, како и со активностите за унапредување на јавниот превоз.
Обајцата изразија очекување стратешките проекти во транспортниот сектор да придонесат за подобрување на животниот стандард на граѓаните и овозможување одржлив развој.
На средбата се зборуваше и за последните измени на Законот за урбанистичко планирање. Според министерот, мнозинството од 68 гласа „за“ зборува за висок степен на усогласеност на пратениците.
Со законските измени, во поглед на поставувањето фотоволтаични централи и ветерници, тој не гледа зголемена опасност по плодното земјиште и смета дека постојат правни механизми за нејзино спречување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата CPAC во Вашингтон
Следна Статија Полицаец се самозастрела во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Муцунски: Коридорот 8 е доказ дека со соседна Бугарија кога сакаме можеме да соработуваме

Сакаме да имаме активна комуникација и активен ангажман со Софија, доказ дека можеме да соработуваме е Коридорот 8. Имаме и…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Банки на Вол Стрит итно проценуваат последиците од хакирање на фирма за недвижнини

Хакери украле огромно количество податоци од компанија што ја користат големите банки на Вол Стрит за заеми и хипотеки, што…

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот…

October 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?