Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
СВЕТ

Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Објавено June 15, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени.

Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран.

Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите загинале четири лица во Бат Јам, јужно од Тел Авив: жена во 60-тите, жена во 80-тите, момче од околу 10 години и девојче, веројатно во истиот напад. Во Тамра, на северот на Израел, локални извори јавија дека четири жени од исто семејство загинале во еден од нападите.

МДА пријави 140 повредени, од кои некои се во тешка состојба, со напомена дека бројките може да се променат со пристигнувањето на нови податоци.

Цел на нападите биле делови од централниот дел на Израел, вклучувајќи го подрачјето околу Тел Авив, каде што во Бат Јам е директно погодена станбена зграда.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека одговорот на Техеран ќе биде „уште потежок и посилен“ доколку Израел не се повлече. Засега, бројот на жртвите и повредените не е официјално потврден од израелските власти. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САБРИНА КАРПЕНТЕР СОСЕМА ГОЛА НА НАСЛОВНАТА НА „РОЛИНГ СТОУН“ Пејачката носи само бели чипкани чорапи (ФОТО)
Следна Статија Џенаро Гатузо нов селектор на Италија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Франција заплени повеќе од 2 тони кокаин во вредност од 130 милиони евра

Француската полиција денеска соопшти дека запленила повеќе од два тона кокаин со проценета вредност од 130 милиони евра во пристаништето…

January 4, 2025
СВЕТ

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање. – Повторно ќе се…

January 20, 2025
СВЕТ

Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,…

August 11, 2025
СВЕТ

Богатите во паника: Швајцарија гласа за воведување 50% данок на наследство

Швајцарските граѓани денес излегуваат на еден од најконтроверзните референдуми во поновата политичка историја на земјата: гласаат за воведување федерален данок…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?