Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад
СВЕТ

Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Објавено June 22, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.

Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана.

Something big landed in Tel Aviv this morning pic.twitter.com/Y0914mCaQQ

— COMBATE |🇵🇷 (@upholdreality) June 22, 2025

„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел. Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време.

Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран проектили, пред да биде укината тревогата. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитените подрачја и да останат таму до понатамошно известување.

Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.

Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.

Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа африкански топол бран и пеколни температури до 40 степени
Следна Статија Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. Она што ни…

April 5, 2025
СВЕТ

Нетанјаху: Го предупредив Албанезе, Канбера да не додава масло на огнот за антисемитизмот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по вооружениот напад за време на прославите на Ханука во Сиднеј, изјави дека уште…

December 14, 2025
СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор…

February 4, 2025
СВЕТ

Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува широки ограничувања за влез на граѓани од 41 држава, јави Њујорк Тајмс. Според…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?