Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“
СВЕТ

Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Објавено June 22, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.

Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.

„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.

Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.

Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.

Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади
Следна Статија Доаѓа африкански топол бран и пеколни температури до 40 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Член на Шкаљарскиот клан е тешко ранет во пукотница во Барселона

Членот на Шкаљарскиот клан – Крсто Вујиќ е тешко ранет  во Барселона, потврди Подгорица Вијести. Шпанските медиуми објавија дека едно…

April 15, 2026
СВЕТ

Јужнокорејски суд изрече затворска казна за поранешниот претседател во случај на воена окупација

Поранешниот претседател прогласен за виновен за попречување на правдата и други обвиненија поврзани со прогласување на воена окупација.

January 17, 2026
СВЕТ

Топлотен бран во Индија, измерени 47,3 степени

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот…

June 10, 2025
СВЕТ

Прекин на струјата во Сан Франциско остана без електрична енергија илјадници жители

Нов прекин на електричната енергија во Сан Франциско остави илјадници клиенти на Pacific Gas and Electric без струја во неделата…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?