Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран се заканува дека ќе употреби тајно оружје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран се заканува дека ќе употреби тајно оружје
СВЕТ

Иран се заканува дека ќе употреби тајно оружје

Објавено February 28, 2026 20:38
Сподели
Сподели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на земјата, Масуд Пезешкијан се „безбедни и здрави“, изјавил портпаролот на иранското Министреството за надворешни работи за британската телевизија Скај њуз, пренесе „Гардијан“.

Тој потврдува дека во нападите што денеска ги извршија САД и Израел врз земјата убиени се неколку командати на иранските сили.

„Тие се безбедни и здрави (Хамнеи и Пезешкијан). Да, имаме неколку команданти кои беа маченички убиени како резултат на овој терористички чин на агресија. Но, важно е дека иранската нација, нашите вооружени сили, нашите храбри вооружени сили преземаат неопходни мерки за да го одбранат Иран на најсилен можен начин“,рекол портпаролот.

Инаку, истиот портпарол, Есмаил Багаеи, претходно за Би-би-си изјави дека не е во позиција да потврди дали членовите на високото раководство на Иран, кои биле цел на нападите на САД и Израел, се повредени или не.

Неколку часа претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за американската телевизија Ен-би-си њуз изјави дека колку што нему му е познато ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Масуд Пезешкијан сè уште се живи.

Инаку, Израел претходно соопшти дека нападите на нивните сили биле насочени кон раководството на иранскиот режим и воените команданти, вклучувајќи ги Хамнеи и Пезешкијан.

Од сателитските снимки што ги објавија светските медиуми може да се види голема штета и црн чад како се издига од комплексот на резиденцијата на Хамние во Техеран.

Засега не е познато каде се наоѓаат ајатолахот и претседателот на Иран, иако иранските медиуми претходно денеска најавија обраќање на Хамнеi.

Во меѓувреме, како што пренесе Би-би-си, свикана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Седницата што ја побараа Бахреин, Колумбија, Кина, Русија и Франција треба да започне во 22 часот по средноверопско време.

Во објава на социјалната платформа Икс, Гутереш вели дека употребата на сила од страна на Вашингтон и Тел Авив, како и одзманичките напади од Иран, се закануваат да го прошири конфликтот. Тој нагласи дека Повелбата на ОН „јасно забранува закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава“ и ги повика сите земји да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставниот суд седниците ќе ги пренесува во живо
Следна Статија Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

Израел денеска објави дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници додека милитантната група Хамас не ги исполни своите услови.…

February 23, 2025
СВЕТ

Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за етапно воведување на…

March 5, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за…

November 25, 2024
СВЕТ

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?