Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов
ЕКОНОМИЈА

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов

Објавено February 19, 2025 18:45
Сподели
Сподели

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи денеска информираа дека исплатата е во тек и дека заклучно со денеска исплатени се средства на 344 илјади корисници, а за обработка остануваат уште 152.543 корисници.

– Исплатата на МојДДВ е во тек и заклучно со денешен датум 19.02.2025 година, од вкупно 496.543 корисници на МојДДВ исплатени се средства на 344.000 корисници. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари, кога е и крајниот рок за исплата на средствата за последниот квартал од 2024 година, ќе бидат обработени податоците и за останатите 152.543 корисници и средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки. За скенирани сметки во период октомври – декември 2024 година кон корисниците на МојДДВ ќе се исплатат над 870 милиони денари по основ на МојДДВ, велат од УЈП.

Промена на податоците во однос на ажурирање на трансакциска сметка треба да извршат само оние корисници на „МојДДВ“ кои немаат исплатено средства за скенирани сметки во претходни исплати, односно во претходни тримесечја не им биле исплатени средствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФФМ ја одреди цената на влезниците за натпреварот против Велс
Следна Статија Обид за силување во светиниколско село: 28-годишник допирал по телото 18-годишна девојка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити

Долгот на граѓаните кон банките во мај достигнал 4,22 милијарди евра, додека вкупната задолженост на компаниите изнесува 4,06 милијарди евра.…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прогноза на Eвропската комисија: Македонија, Албанија и Србија со највисок економски раст

По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи…

May 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила

Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?