Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси
ЕКОНОМИЈА

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси

Објавено May 15, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Развојна банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на домашните компании, од кредитнатата линија за инвестиции и развој.

Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за  инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра.

Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45%  во градежи, 47% во опрема, 2%  во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата, информираат од Развојната банка.

Со оваа транша, Развојна банка, досега исплати вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност
Следна Статија Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За мерката млад земјоделец има 117 апликанти со вредност од 70 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела…

August 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на…

January 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања

Македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања, порачаа денеска премиерот Христијан…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават

Струјата поскапува. Ова е речиси сигурно, откако државните електрани му понудија на ЕВН Хоум за безмалку 5% поскапа електрична енергија.…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?