Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
ЕКОНОМИЈА

Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки

Објавено April 30, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

Како што вели, ограничувањето на маржите до 10 отсто дало резултати и се намалени цените на храната и пијалаците.

-Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека мерката дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февруари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци се намалени, така што оваа мерка дава резултати. Со Државниот пазарен инспекторат ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормно зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки, изјави неодамна Дурмиши.

Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените најави дека ќе има поригорозни мерки од тие што ги имавме досега.

-Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи дека ќе опфатиме уште повеќе групи. Со одлуката што ќе ја донесеме за ограничување на маржите, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат синџирите на маркети или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески вчера посочи дека досегашните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека се добри резултатите од воведувањето на мерката, но кажа дека ќе ги чекаат крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела за да одлучат што ќе прават понатаму.

-Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените, изјави Ристески.

Се надевам, додаде, дека поучени од минатото сите учесници во синџирот на трговија веќе ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард.

-Сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните и да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата, посочи Ристески.

На предлог на Министерството за економија и труд од 20 март годинава се применува ограничена бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи. Мерките истекуваат денеска.

Со измени на Законот за заштита на потрошувачи, што стапија во сила на 18. месецов, трговците на мало се обврзани јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници и да ги ажурираат секој ден до 10 часот.

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите, а од Министерството за економија и труд велат дека е потребно да помине еден месец од имплементацијата на обврската за да се согледаат резултатите, но не ја исклучуваат можноста да има општа веб-страница на која граѓаните ќе може да ги проверуваат цените на производите.

Се уште се анализира дали во просечната потрошувачка кошничка што ја подготвува Министерството економија и труд ќе се однесува на тричлено или четиричлено семејство. Како што изјави завчера ресорниот министер, се дискутира на таа тема, ги анализираат сите податоци, ќе се земе мислење од сите претставници во работната група и ќе се излезе со заеднички став.

Имаме драфт верзија на која се дикутира, а во наредниот период во најкраток рок ќе биде достапна за граѓаните, новинарите, синдикатите. Направивме многу добра просечна потрошувачка кошница со податоци од релевантите институции, ќе ги опфати сите граѓани, точно ќе биде прецизирано точно кои производи во кој временски период се трошат, а ќе биде прецизирано и од каде се земени цените – ќе се земат од повеќе трговци не само од два или три како што е во синдикалната кошница, ќе биде земе во предвид и колку членови на семејствата ќе се опфатат. Работиме во оваа насока, Работната група работи веќе два месеца работи, мислам дека идниот месец ќе го имаме документот, ќе биде разгледан првин од другите членови на Владата и кога ќе се утврди резперезентативност на синдикатите ќе се достави и до ЕСС, ќе се разгледа, ќе се гласа и ќе биде достапна за граѓаните, изјави Дурмиши, на новинарско прашање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
Следна Статија Ненадејно почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни. Одговорајќи…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?