Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Источните соседи велат „Тп ама упорит“: Филипче не се откажува од референдум за Бугари во Устав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Источните соседи велат „Тп ама упорит“: Филипче не се откажува од референдум за Бугари во Устав
ПОЛИТИКА

Источните соседи велат „Тп ама упорит“: Филипче не се откажува од референдум за Бугари во Устав

Објавено June 1, 2026 16:38
Сподели
Сподели

Се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски и намерно неспроведување на реформската агенда – обвини денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласувајќи дека премиерот ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда по истекот на рокот, 1 јуни, поставен за усвојување на клучните закони.

Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, усвоени биле само шест, а од десетте закони за кои бил продолжен рокот до јуни 2026 година, донесени се само два.

– Реализацијата е само 20 проценти, што покажува дека Владата нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе реформите – рече Филипче.

Тој посочи дека и некои од законите што Владата ги смета за реализирани не се усогласени со европските стандарди, особено Законот за електронските комуникации и Законот за Судскиот совет.

– Законот за Судскиот совет не е донесен во согласност со препораките на оценската мисија, туку претставува манипулација со која се обидуваат да ја доведат во заблуда Европската Унија – истакна Филипче.

Според него, постои и листа од 33 закони, кои сè уште не се донесени, а се клучни за реформската агенда и треба да бидат усвоени до крајот на 2026 година.

Филипче оцени дека состојбата со владеењето на правото и независноста на институциите е незадоволителна, а доцнење има и кај законите од енергетиката и финансиската транспарентност, кои се услов за користење средства од Европската Унија.

Тој нагласи дека додека Северна Македонија заостанува, земјите од регионот напредуваат.

– Црна Гора и Албанија веќе ги затвораат поглавјата за преговори, а кај нас реформите стагнираат – посочи Филипче.

На прес-конференцијата тој повика Владата да распише референдум за европскиот пат на државата.

– Ни на крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата. Распишете референдум и што побргу продолжете го европскиот пат затоа што немате никакво право, ни политичко ни морално, ова да ѝ го правите на Македонија, но и на генерациите што со години чекаат да се случи европската приказна. Особено на новите и на младите генерации, кои, ако не го направите чекорот, кој не е никаков ризик, нашиот идентитет и јазик, едноставно ќе се иселуваат во сè поголем број – рече Филипче.

Тој предупреди дека одложувањето на реформите може да доведе до натамошно иселување на младите и пропуштање на, како што оцени, клучна можност за европска иднина на државата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Маго ди Умаго“ пристина во Битола
Следна Статија Моќно: Ова е официјалната химна на бразилската репрезентација (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Ајфонот е на братучед ми“ – Курто Дудуш вели дека се сликал со телефонот за да го промовира бројот 17 за изборите

Градоначалникот на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, објави дека фотографијата со „ајфон 17 про макс“ имала…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?