Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Објавено May 1, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју за Алсат М, вели дека, засега се истражува кривичното дело, „тешки дела против општата сигурност“, но, дури по завршување на истрагата, точно ќе се знае за што ќе одговараат осомничените.

„Се работи за многу тежок и комплексен случај каде што имаме многу жртви, 62, со тоа што законот дозволува истрагата да трае 90 дена. Истрагата е почната на 16-17 март и треба да се заврши до некаде истиот термин после три месеци, односно до 16-17 јуни“ изјави Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

„Цениме дека, и тимот на јавни обвинители, причинско-последичната врска, односно последицата е смрт. Меѓутоа, токму да се најде тој каузалитет и тие пропусти што довеле до ова. Пропусти имало секоја година, односно секој период“ , додаде Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

Коцевски појаснува дека се уште се прибираат докази и се сослушуваат сведоци, па не ја исклучува можноста за проширување на истрагата и со нови лица кои може да бидат осомничени, а потоа и обвинети.

Засега, со истражната постапка на кочанското јавно обвинителство се опфатени 45 лица. 19 мина од нив се во притвор, 13 во куќен, 12 со мерки на претпазливост, а еден е на лекување.

Осомничени се поранешни министри за економија, директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарниот инспекторат, вработени во локалната самоуправа на Кочани, сопствениците на дискотеката и фирмата за обезбедување.

Во друга постапка истрага води и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со своето полициско одделение. 14 полициски службеници од Штип и Кочани се осомничени дека не спровеле проверка дали дискотеката ги исполнувала условите за безбедност во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри
Следна Статија Жена украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд многу порано требаше да го укине „балансерот“, вели Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, вечерва во гостување на ТВ21 ја искоментира одлуката на Уставниот суд за укинување на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонската „ЕЛЕНО ЌЕРКО“ ги разбранува грчките медиуми и национал-шовинистички кругови

Порталот „Грик Сити Тајмс“ и денеска се осврнува на инцидентот од минатата недела, кој стана контроверзен кога локалните власти интервенираа…

December 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?