Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава
ХРОНИКА

Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава

Објавено May 10, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална расправија, тие почнале физички да се пресметуваат и си разменувале удари од кои оштетениот паднал повреден на земја.

Во тој момент осомничениот зел метален капак од шахта со кој повеќе пати го удирал оштетениот во главата. Додека оштетениот лежел на земјата во бесознание, осомничениот продолжил да го удира со нозе по главата и телото. Дури и кога на местото пристигнале полициски службеници, тој одбивал да престане со ударите додека не го совладале, со што на оштетениот нанел тешки телесни повреди поради кои во животозагрозувачка состојба тој бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот кој немал пријавено престојувалиште во земјава, можност да влијае на сведоци во постапката или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи
Следна Статија Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тело на жена пријавена за исчезната пронајдено закопано во гостиварско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде…

December 12, 2025
ХРОНИКА

МВР предупредува: Како да препознаете телефонска измама

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои…

January 9, 2025
ХРОНИКА

Санкционирано лицето кое со службено возило помина на две полни линии и користеше флешери

Полициски службеници од СВР Скопје денеска извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните…

October 11, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Камион излета од патот и се преврте во близи на селото Раец

Од засега непознати причини камион со скопски регистерски таблички излета од патот Кавадарци- Прилеп во близина на селото Раец. На…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?