Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
СВЕТ

И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција

Објавено July 4, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти шведската полиција.

Иако полицијата не го открива идентитетот на уапсениот, турската државна телевизија ТРТ јавува дека станува збор за 35-годишниот Исмаил Абдо, кој има двојно државјанство – шведско и турско.

Абдо се поврзува со најмалку 12 убиства во Шведска од 2023 година, вклучително и убиството на неговата мајка, за која полицијата смета дека е жртва на конфликт меѓу Абдо и поранешен сојузник.

Според ТРТ, Абдо е еден од 19 уапсени во широка акција против организирани криминални групи инволвирани во трговија со дрога и перење пари. Турските власти заплениле имот вреден околу 1,5 милијарди турски лири (околу 38 милиони евра).

Издадени се наредби за апсење за уште 21 лице, од кои четворица сè уште се во бегство, 14 се наоѓаат во странство, а тројца се веќе во притвор по други обвиненија.

Во Шведска апсењето на Абдо се смета за значаен успех на полицијата и на десничарската влада која дојде на власт во 2022 година со ветување дека ќе стави крај на криминалниот бран што ја тресе земјата повеќе од една деценија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР апелира: Не отворајте сомнителни СМС пораки
Следна Статија Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Џ.Д. Ванс го истакнува економскиот пристап на Доналд Трамп за да ја промени пораката за трошоците за живот

Потпретседателот бара трпение за достапноста откако Трамп отстапи од скриптата за кризата на трошоците

December 18, 2025
СВЕТ

Тројца карабинери загинаа, а десет војници се повредени во експлозија во Верона

Тројца карабинери и најмалку десет војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска…

October 14, 2025
СВЕТ

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување…

December 3, 2025

Автономните доставни возила во Кина предизвикаа вознемирување на патиштата

Иновативната технологија на автономни возила предизвика технолошки предизвици и безбедносни прашања

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?