Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски
МАКЕДОНИЈА

И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски

Објавено July 2, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи Празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а утре од 9 часот ќе се служи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Европски Пимен. 

Култот на Свети Наум е мошне силен кај охридските верници, кои секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат во голем број, да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од другите вероисповести кои го почитуваат делото на Свети Наум Охридски.

Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ се наоѓа на триесетина километри јужно од Охрид, на најјужната точка на Охридското Езеро. Главната црква во комплексот е изградена на високиот стрмен брег, во непосредна близина на изворите на Црн Дрим. 

Светиот просветител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде што ја развил племенитата мисија за просветување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сместен во југоисточниот дел од нартексот.

По повод празникот бродовите „Александрија 1 и 2“ и вечерва за Свети Наум ќе пловат по намалени цени, повратен билет ќе чини 300 денари. Поаѓањето е од 19 часот, а билетите можат да се купат преку целиот ден на Градското пристаниште 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајами не сака да се откаже од скапиот Меси
Следна Статија Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од први октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Авион на „Визер“ кој летал од Скопје до Париз итно слетал во Брисел поради здравствен проблем на патник

Авион на компанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово летал на линијата Скопје до Париз, принудно бил пренасочен кон аеродромот во…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?