Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер
БАЛКАН

И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер

Објавено July 27, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Ниту доцна синоќа не успеа да се конституира Собранието на Косово, и покрај тоа што ова беше веќе 54-ти обид за избор на претседател. Причината повторно беше истата, недостиг на доволно гласови за формирање на комисија за тајно гласање, што е предуслов за спроведување на изборот.

Политичките партии и коалиции – Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа, како и коалицијата меѓу Алијансата за иднината на Косово и НИСМА, повторно одбија да предложат свои членови во комисијата. Наместо тоа, тие го обвинија претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, дека ја узурпира седницата и ги погазува и Уставот и одлуките на Уставниот суд на Косово.

Ситуацијата ескалираше кога Дехари, како и во претходните обиди, ги прекинуваше говорите на пратениците со исклучување на микрофоните, што дополнително ја вжешти атмосферата. Од вкупно 103 присутни пратеници, само 56 гласаа „за“ формирање на комисијата, што не беше доволно.

Поради недостигот на мнозинство, Дехари ја прекина седницата, повикувајќи се на одлуката на Уставниот суд донесена на 26 јуни, според која од денес до 8 август парламентот нема право да заседава или да донесува какви било одлуки. До тогаш, се очекува Судот да ја објави својата пресуда по барањето за оценка на уставноста на инсистирањето за тајно гласање, поднесено од пратениците на ДПК и ДСК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на „Маршот на ангелите“: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“
Следна Статија Баерн за Дијаз понуди 85 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога…

March 6, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда

Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека…

June 20, 2025
БАЛКАН

Taкер Карслон праша: Koj во Југославија го нападна НАТО?

Американскиот новинар Такер Карлсон на својот подкаст беше домаќин на британскиот новинар и водител Пирс Морган, со кој разговараше на…

February 1, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Четири лица загинаа при пад на хеликоптер на брза помош во Турција

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?