Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот
ХРОНИКА

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Објавено October 28, 2025 09:29
Сподели
Сподели

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лицеза кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.

Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.

Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
Следна Статија ВО КОЛАТА НОСЕЛ ПОЗЛАТЕНИ КАЛАШНИКОВИ! Кој е осомничениот за убиството што ја фрли Словенија во хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Aвтомобилот се превртел на кров: Три девојки повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес

Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по…

May 27, 2026
ХРОНИКА

Полицијата уапси убиец кој пред две години избегал од штипскиот затвор

Денеска околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец,…

October 23, 2025
ХРОНИКА

На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово,…

August 29, 2025
ХРОНИКА

Државниот санитерен и здравствен инспекторат ќе проверува како починала 30-годишната пациентка во тетовската болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?