Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет
СВЕТ

Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет

Објавено July 2, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормускиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија двајца американски претставници, пренесоа британските медиуми.

Подготовките за минирање на важниот воден пат, кои претходно не беа објавени и кои ги откри американската разузнавачка служба, се случија откако мина одредено време од првиот ракетен напад на Израел врз цели во Иран на 13 јуни, изјавија претставниците, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на информациите. 

Товарувањето на мини на бродовите, што сè уште не се поставени во теснецот, сугерира дека Техеран можеби сериозно размислувал за затворање на еден од најпрометните водни патишта во светот, што дополнително би го продлабочило конфликтот и сериозно би ја нарушило светската трговија.

Приближно една петтина од светската трговија со нафта и гас поминува низ Ормускиот теснец, а блокадата веројатно би предизвикала нагло зголемување на цените на енергијата. Глобалните цени на нафтата паднаа за повеќе од 10 отсто по нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран, делумно поради олеснувањето што конфликтот не предизвика значителни прекини во трговијата со „црното злато“. 

Иранскиот парламент наводно ја поддржа блокадата на теснецот на 22 јуни, кратко откако американската војска бомбардираше три клучни ирански нуклеарни постројки во обид да ја запре нуклеарната програма на Иран.Оваа одлука не беше обврзувачка, а конечната одлука за затворањето мораше да ја донесе Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објави тогаш Иран Прес ТВ. 

Со текот на годините, Иран постојано се закануваше дека ќе ги затвори теснецот, но никогаш не ја реализира ваквата закана.

Според британските медиуми, не е можно со сигурност да се утврди кога точно, за време на израелско-иранската воздушна војна, Техеран ги натоварил мините или дали тие биле истоварени во меѓувреме.

Двајцата функционери рекоа дека американската влада не ја исклучува можноста товарењето на мините да било измама. Иранците можеби ги подготвиле мините за да го убедат Вашингтон дека сериозно размислуваат за затворање на теснецот, без всушност да имаат намера да го сторат тоа, рекоа функционерите.

Ормутскиот теснец се наоѓа помеѓу Оман и Иран и го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив на југ и Арапското Море на исток. Широк е 34 километри во најтесната точка, а бродската линија е широка само околу три километри во секој правец.

Членовите на ОПЕК, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, го извезуваат поголемиот дел од својата нафта преку теснецот, главно во Азија. Катар, еден од најголемите извозници на течен природен гас во светот, го испраќа речиси целиот свој течен природен гас преку овој патен правец.

Иран, исто така, поголемиот дел од својата нафта ја извезува преку тесенцот, што теоретски ја ограничува неговата намера да го затвори. Меѓутоа, Техеран посвети значителни ресурси за да се осигури дека може да го стори тоа доколку е потребно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
Следна Статија Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со…

April 19, 2025
СВЕТ

Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути

Европските власти разбија долгогодишна шема за измама со криптовалути, во која над сто луѓе изгубија најмалку 100 милиони евра, соопшти…

September 23, 2025
СВЕТ

(Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: Се јавуваат да ни честитаат

Доналд Трамп одржа прес-конференцијата во Овалната соба, посветена на нуклеарната енергија, но, вниманието го привлече неговиот „ајфон“, кој ѕвонеше двапати…

May 24, 2025
СВЕТ

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?