Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казината оддалечени најмалку 500 метри од училишта, нема апарати во обложувалниците, ограничувања за рекламите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Казината оддалечени најмалку 500 метри од училишта, нема апарати во обложувалниците, ограничувања за рекламите
МАКЕДОНИЈА

Казината оддалечени најмалку 500 метри од училишта, нема апарати во обложувалниците, ограничувања за рекламите

Објавено May 13, 2026 09:20
Сподели
Сподели

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание.

Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата.

-Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, младите генерации и семејствата. За првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа. Се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа. Се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници. Испраќаме јасна порака дека коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите, соопштуваат од Владата.

Втората клучна точка е заштитата на образовниот процес и безбедноста на учениците.

-Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Ова е институционална одлука да ги заштитиме децата од секојдневна изложеност на коцкање и зависности, истакнуваат од Владата.

Паралелно, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање.

Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата. Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.

-И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет страници, институциите ќе продолжат со засилени контроли и соодветни законски мерки. Оваа Влада уште од првиот ден започна системска борба против индустријата која со години се ширеше без контрола. Нашата цел е јасна воспоставување одговорен, транспарентен и контролиран систем, со јасни правила, правна сигурност и многу поголема заштита на граѓаните. Ова е борба за иднината на младите, за сигурноста на семејствата и за достоинството на општеството, велат од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повредата на Дончиќ е сериозна
Следна Статија Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија е во прекин за товарни моторни возила, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија. Како…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?