Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување
ЕКОНОМИЈА

Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување

Објавено November 26, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Во постапката е утврдено дека на состанок одржан на 5 февруари 2025 година учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација. Овој вид на однесување по својата природа претставува т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата, кое е забрането без потреба од дополнително докажување на пазарни ефекти – соопшти КЗК.

Со донесеното решение, се посочува во соопштениеот, се изречени прекршочни санкции – глоби во износ од 3.075.000 денари за секое од трговските друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.143.000 денари, со цел превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Инцидент пред Собранието во Белград: Опозицијата се судри со полицијата
Следна Статија САД и Украина постигнаа договор за измена на нацрт-планот за мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убер и Лифт подготвени да тестираат роботакси во Обединетото Кралство во партнерство со Баиду

Кинескиот технолошки гигант Баиду најавува планови за воведување на автономни возила во Лондон преку партнерства со Лифт и Убер, со…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика,…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?