Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија
БАЛКАН

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Објавено April 28, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com.

Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во Словенија е забранета продажба на електронски цигари и дополнувања со слатки, овошни и билни ароми, без оглед дали содржат никотин. Дозволена е само продажба на производи со 16 одобрени супстанци што даваат тутунски вкус, соопшти Министерството за здравство.

Истражувањата покажуваат дека електронските цигари ги користат и деца на возраст од 9 до 11 години. Треба да се знае дека тие штетат на здравјето и содржат канцерогени супстанци. Главната состојка е никотинот, кој влијае врз срцето и крвните садови, белите дробови и развојот на мозокот, а притоа предизвикува зависност, предупреди Весна Маринко, директорка на Директоратот за јавно здравје.

Слатките и овошните е-цигари доведоа до зголемување на консумацијата меѓу малолетниците за 200 проценти за само три години, што поттикна решителна реакција од државата. Властите се надеваат дека со оваа мерка повеќе млади ќе престанат да пушат, пишува „Ал Џезира Балканс“.

За оние што ќе продаваат или нудат забранети е-ароми предвидени се казни од 3.000 до 5.000 евра, додека купувачите на вакви производи онлајн може да бидат казнети со суми од 125 до 5.000 евра.

Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат надзор со земање примероци, проверка на усогласеноста и повлекување на неусогласените производи од пазарот. Контролите ќе важат и за забраната за пушење на затворени јавни простори, игралишта и дворови на градинки и училишта.

Корисниците на е-цигари што ќе ја прекршат забраната може да бидат казнети со глоба до 5.000 евра. Инспекциите ќе се спроведуваат и во соработка со полицијата и комуналните редари, вклучително и во јавниот превоз.

Министерството за здравство ја смета оваа забрана за важен чекор во заштитата на здравјето на граѓаните, особено на младите. Словенија со ова се приклучува кон бројни земји-членки на ЕУ што веќе воведоа слични мерки.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, секоја недела во Словенија умираат 60 лица од последици од пушењето. Институтот се залага за дополнителни ограничувања, како намалување на бројот на продажни места и зголемување на цените на тутунските производи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува
Следна Статија Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

ПР стратегот на СДСМ од Србија се додворува на српската опозиција

Потпретседателот на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, Бранко Ружиќ, повторно изразува ставови што отстапуваат од официјалниот курс на…

April 28, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Паника на грчка плажа: Огромна ајкула снимена на само неколку метри од брегот

Вистинска паника и вознемиреност настанале на плажа во Грција откако ајкула долга околу 2,5 метри била забележана во непосредна близина…

May 20, 2026
БАЛКАН

Откако не му даде да води театар и кино, актерот Милош Биковиќ се сврти против Вучиќ

Актерот Милош Биковиќ кој во моментов е еден од најпопуларните во Србија, се сврти против претседателот Александар Вучиќ. Тој се…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?