Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј
МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Објавено January 2, 2026 10:33
Сподели
Сподели

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од овој ден започнува да се зголемува денот, а со него и новата животна енергија.

Според народните преданија, она што ќе го правите или што ќе ви се случува утре, ќе ве следи во текот на целата година. Затоа се верува дека каков ќе биде денот на 2 јануари – таква ќе биде и целата година.

Во народот постои и верување дека првиот човек кој ќе влезе во домот носи среќа или несреќа. Ако тоа е млад и ведар човек, се смета дека носи бериќет и радост, а доколку прв влезе старец или старица – се верувало дека годината нема да биде поволна.

Затоа, обидете се да направите нешто убаво. Бидете внимателни, избегнувајте кавги и нервози и не правете го она што не би сакале да ви се случува во текот на годината. Отворете ги вратите на домот, насмевнете се, опуштете се и наполнете го денот со позитивна енергија.

Пред спиење, убаво е да прочитате неколку страници од добра книга – за, како што велат старите, „умно да тргне годината“. Не ги заборавајте блиските, кажете им колку ви значат и исполнете го денот со мир, љубов и благодарност.

Нека 2 јануари ви биде убав почеток на една спокојна и среќна година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сигма во 2025: Најдобриот перформанс на која било фото компанија оваа година
Следна Статија 5 од најдобрите Шевролет модели за вонпатно возење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Исполнувањето на бугарските барања е само почеток, ќе се отвори Пандорината кутија

Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат…

June 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?