Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

Објавено January 12, 2026 19:19
Сподели
Сподели

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски.

Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура.

– Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. Претседателката е пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека одбрала вистински професионалци, коишто ќе придонесат во работата на Судскиот совет. Секако, доколку ја добијат довербата од Собранието, одговори Камбовски на новинарско прашање.

За новиот Закон за судски совет, тој рече дека се надеваат оти ќе придонесе за поефикасно работење.

– Секако дека се надеваме дека ќе придонесе за поефикасно работење. Јас учествував во работната група и колегите сега сите веќе го имаат законот, мислам – финалната верзија што беше усвоена. Го анализираме повторно, гледаме кои нешта ќе бидат променети и оптимист сум дека ќе имаме квалитетна промена во работењето на Судскиот совет, одговори Камбовски.

Во Собранието беа доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска – Анастасовска и Арлинда Кадри – Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија на предлог на претседателката Сиљановска – Давкова.

Кадри – Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување. Јошевска – Анастасовска е адвокатка со повеќегодишна пракса, особено во кривични предмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осуден инцидентот пред бугарската амбасада, се работи за изолиран случај
Следна Статија Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриена бременост кај 14-годишно девојче на ГАК, мајката пријавила во полиција

Мајка од Скопје во полицијата пријавила дека нејзината малолетна ќерка е бремена, а подоцна и самото девојче признало дека имала…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Загадувањето на воздухот во делови од Скопје е пет пати над границата

Мерните станици низ Македонија синоќа забележаа дека најзагаден бил воздухот во делови од Скопје, односно во населбата Лисиче. Концентрацијата на…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?