Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камион се запали во движење- возачот пренесен во болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Камион се запали во движење- возачот пренесен во болница
ХРОНИКА

Камион се запали во движење- возачот пренесен во болница

Објавено June 13, 2025 22:15
Сподели
Сподели

По пожар кој избувнал во камион на автопатот Скопје-Тетово вечерва, 32-годишниот возач со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница. Огнот го зафатил товарното моторно возило додека се движело на автопатот од Скопје кон Тетово во близина на Групчин.

-Во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје во близина на Добарски мост било опожарено товарно возило „рено” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М (32) кој со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово, информира Томислав Наумовски, портпарол на СВР Тетово.

Огнот на камионот е изгаснат од тетовските пожарникари.

-Територијалната противпожарна единица Тетово, интервенираше по пријава добиена во 19.55 часот. Интервенираа вкупно пет пожарникари со две возила, еден камион и едно специјално теренско возило за противпожарникарски интервенции, информира командирот Авни Амети. По интервенцијата на ТППЕ Тетово, од СВР Тетово почнале со увид на местото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Уште една локомотива повторно во сообраќај
Следна Статија Овој богат човек сака да остане вечно млад : Вбризгувал крв, има своја дневна рутина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Буџетот на М-НАВ оштетен за речиси 1,5 милиони денари: Кривична за екс директорот и раководителка на одделение за јавни набавки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Ја удирал и ја силувал – побаран притвор за Битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Скопјaнец лишен од слобода се заканувал на инспектор од АХВ

Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајка во близина на Кучевичка Бара

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?